Макрон: Поканата е за Харири да ја посети Франција, не понуда за политички егзил

Од:

Поканата до либанскиот премиер Саад Харири е да ја посети Франција, а не понуда за политички егзил, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој смета дека Либан ќе биде стабилна држава и дека политичките избори ќе бидат во согласност со институционалното владеење.

– Ни треба силен Либан, чиј територијален интегритет ќе се почитува. Ни требаат лидери кои се слободни да прават свои избори и слободно да зборуваат, посочи Макрон.

Премиерот на Либан Харири пред 11 дена си поднесе оставка од својата функција преку видео порака емитувана од Саудиска Арабија, каде што тој и остана.

Тоа беше причина за многумина да веруваат дека оставката била изнудена од страна на саудиската страна и дека тој се држи во куќен притвор, па либанскиот претседател Мишел Аун не ја прифати неговата оставка.

Во интервју дадено после поднесувањето на оставката, Харири изјави дека е слободен и дека наскоро ќе се врати во Либан.

Би можело да ве интересира

20 години затвор за Французинот кој 10 години ја дрогирал и ја изнајмувал за силување сопругата

Катерина Ѓуровски

Касациониот суд во Франција ја потврди пресудата за Саркози

Пет лица загинаа на северот на Франција, напаѓачот уби и двајца чувари

Горан Наумовски

Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

Макрон: „Денес започнува нова ера за Франција“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Кризата во Франција е многу полоша од нормална политичка криза

Катерина Ѓуровски