Макрон побарал од Путин да го повлече тешкото и лесното оружје од Запорожје

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му порача на својот руски колега Владимир Путин дека руската окупација е причина за опасност за украинската нуклеарна централа во Запорожје и побара од него да го повлече „тешкото и лесно оружје“,, соопшти Елисејската палата.

Кремљ претходно денеска објави дека Путин во телефонски разговор со Макрон го предупредил францускиот претседател за можните катастрофални последици од украинските напади врз нуклеарната електрана, која е во рацете на руските сили.

Електрана на југот на Украина беше бомбардирана неколку пати во последните недели, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев: „Еј Макрон! Внимавај со својот нуклеарен арсенал!“

Украински напад врз Запорожје: Се е во пламен

Горан Наумовски

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Макрон: Не смееме да бидеме американски вазали

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина