Макрон од Атина ќе испрати реформаторска порака за еврозоната

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обиде да упати реформаторска порака за неопходност од засилување на европската монетарна унија и тоа ќе се случи за време на неговата посета на Атина, планирана за 7 и 8 септември, јавија грчките електронски весници, повикувајќи се на француски високо рангирани претставници.

Весникот „Катимерини“ пишува дека дека на својата посета на грчката престолнина шефот на француската држава ќе биде придружен од француски бизнисмени во обид да даде поттик на инвестициите во Грција.

-Идејата е Франција да ја поддржи Грција во нејзините напори за обнова и раст, изјави еден од советниците на Макрон, кој посака анонимност.

Тој додал дека суштината на оваа посета е да се истакне дека „еврозоната треба длабински да се реформира“.

Според него, предлозите на Макрон ќе ја одразат убеденоста на францускиот претседател и неговата екипа дека еврозоната треба да биде „блиндирана“, за да се справи со секој можен проблем.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица