Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека некои европски земји би биле подготвени да имаат мировници во Украина како безбедносна гаранција по потпишувањето на мировниот договор, иако тие нема да бидат испратени во првите редови.

Макрон, зборувајќи заедно со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, рече дека мировниот договор може да дојде во втора фаза, по она што тој го нарече „примирје“, објави Ројтерс.

Макрон, исто така, рече дека „силата на повторното ангажирање на САД со Русија е извор на несигурност за рускиот претседател Владимир Путин“.

Тој нагласи дека Франција е подготвена да обезбеди безбедносни гаранции за Украина, пренесува Танјуг.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа пристигна во Вашингтон, а американскиот претседател Доналд Трамп го прими во Белата куќа. Како што јави телевизијата БФМ, станува збор за „итна мисија“, при која Макрон ќе се обиде да ја „омекне“ американската позиција кога станува збор за Украина, во време кога Франција предупредува да не се брза со „набрзина склучен“ договор за прекин на огнот во таа земја.

Би можело да ве интересира

Русија под силен удар, Украина вели: Возвративме со ракети „Нептун“, руската армијата остана „слепа“

Русија го нападна Киев со балистички ракети

Жестока украинска одмазда по рускиот масовен напад

Ројтерс: Малку веројатен е мировен договор меѓу Русија и Украина до март

Интервјуто што ја „разниша“ Украина: Зеленски откри повеќе отколку што требаше

РИА Новости: Сведоштва од зоната на конфликтот, мета беа цивили додека доаѓаа да наполнат вода