Макрон: Мислам дека ќе биде корисно повторно да разговарам со Путин

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е време тој и европските лидери повторно да се вклучат во дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, во контекст на тековните напори предводени од САД за прекин на војната во Украина, објави „Фигаро“.

„Мислам дека ќе биде корисно повторно да разговарам со Владимир Путин“, изјави Макрон за новинарите по самитот во Брисел, каде што Европската унија постигна договор за обезбедување 90 милијарди евра за поддршка на Киев.

Макрон рече дека забележал дека некои лидери веќе комуницираат со рускиот претседател, алудирајќи особено на, како што рече, американскиот претседател Доналд Трамп, кој повторно воспоставил контакт со Путин откако се вратил на власт во јануари.

Би можело да ве интересира

Објавен разговор меѓу Орбан и Путин: Подготвен сум да помогнам на секаков начин, како глушец на лав

„Њујорк тајмс“: Судирот меѓу Макрон и Трамп го открива новиот курс на Европа

(ВИДЕО) Путин: „Сакаме овој конфликт да заврши што е можно поскоро“

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемија

Путин му порача на Иран: Русија е со вас