Макрон ќе разговара со Путин и ќе понуди заштита за руската новинарка Овсјаникова

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и ќе понуди заштита за руската новинарка Марина Овсјаникова која се соочува со долгогодишна затворска казна, откако вчера среде програма на руската државна телевизија се појави во живо со антивоени пораки.

– Ќе почнеме дипломатски напори со цел да и понудиме заштита – или во амбасадата, но и заштита преку азил. Ќе имам шанса на некој од моите следни разговори со претседателот Путин да го предложам ова решение на многу директен и конкретен начин, истакна Макрон.

Францускиот претседател изрази желба „колку е можно побрзо да знам за нејзината лична ситуација и нејзината способност да продолжи со својата работа“.

Овсјаникова среде програма во живо на руската државна телевизија се појави со транспарент со антивоени пораки и побара од руските граѓани да не и веруваат на режимската пропаганда на Кремљ. На транспарентот на Овсјаникова пишуваше „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“, таа исто така и извика „Не за војната, сопрете ја војната“, а потоа програмата беше прекината.

Според Европската Комисија новинарката е уапсена, а нејзините адвокати не можат да стапат во контакт со неа.

– Овсјаникова зазеде храбра морална позиција и се спротивстави на лагите и пропагандата во живо на медиум контролиран од државата и чиј директор е главен пропагандист. Марина е уапсена, таа исчезна, а нејзините адвокати немаат дозвола да стапат во контакт со неа, изјави попладнево портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Претходно, руското Државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова. Според неодамна усвоениот закон на Русија, на Овсјаникова и се заканува затворска казна до 15 години за ширење лажни вести за руски војници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Макрон: Француското нуклеарно оружје е можна тема во дебатата за одбранбениот систем на ЕУ

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите