Макрон ќе ја распореди војската околу црквите и училиштата

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе распореди војска во близина на црквите и училиштата со цел да ги заштити клучните локации во Франција во чија близина денеска граѓаните беа цел на напади на радикални исламисти вооружени со ножеви.

По денешниот напад во црквата Нотр Дам во Ница, во кој беа убиени три лица, и обраќајќи се од местото на трагедијата, тој рече дека Франција е нападната преку нејзините вредности, преку чувството на слобода, нагласувајќи дека на француско тло се негува слободата на верување.

– И денеска тоа го кажувам сосема јасно: нема да отстапиме, истакна претседателот на Франција.

Во терористички напад во Ница денеска загинаа три лица, од кои едното беше обезглавено, додека во друг инцидент полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачи во Авињон.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени