Макрон им вети поддршка на земји од Сахел во борбата против исламистите

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Бамако им вети помош на западноафриканските земји од Групата пет (Г-5) за финансирање на нивните заедничи напори за справување со исламскиот тероризам во регионот на Сахел.

Макрон при тоа ги повика земјте членки на Г-5 – Буркина Фасо, Мавританија, Мали, Нигер и Чад да демонстрираат поголема ефикасност во борбата против џихадистите.

– Вие и вашите армии треба да ги убедите луѓето, дека Г-5 може да биде ефикасна и тоа под услов да ги почитувате хуманитраните конвенции. Треба да има резултати, за да ги уверите партнерите во вашите искрени намери, порача Макрон на средба со претседателите на петте западноафиркански земји,

Тој пораќа дека борбата против „терористите, убијците и џелатите“ треба да се води секојдневмо. – Таа борба треба да ја водиме цврсто и решително и заедно треба да го искорениме сето тоа, порача Макрон.

Петте земји се договрија за формирање заеднички сили за борба против исламистичките бунтовници. Во прво време тие ќе бидат распоредени во зоната на границите меѓу Мали, Буркина Фасо и Нигер и ќе се приклучат на операцијата „Бархан“ на француските сили против џихадистите во реонот на Сахел.

Во тој дел на Африка, како што јави ДПА, дејствуваат три исламистички групи Ансар Дин, Ал Мурабитун и Ал Каеда на Исламскиот Магреб.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Макрон предложи воена мобилизација „како што се натрупуваат заканите“

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа