Макрон и Шолц со поддршка за Украина пред Бранденбуршката порта

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот ка нцелар Олаф Шолц и дадоа „целосна поддршка“ на Украина кога синоќа заедно пристигнаа пред Бранденбуршката порта во Берлин, симболот на Студената војна, осветлена во оваа прилика во боите на земјата нападната од Русија.

„Целосна поддршка за Украина“, рече францускиот претседател кој пешки пристигна со германскиот канцелар до околу 200 луѓе собрани зад кордонот, кои го прашаа каква порака сакаат да испратат двајцата лидери со овој потег.

До 1989 година Бранденбуршката порта, сместена во центарот на Берлин, беше составен дел од ѕидот што со децении ги делеше комунистичката и западната страна на градот и стана симбол на Железната завеса.

Некои од граѓаните кои дојдоа на местото беа завиткани во украински знамиња и извикуваа Мариупол, југоисточен украински град кој во голема мера беше уништен од руската армија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина