Макрон и Конте: ЕУ мора да воведе нов систем за прием на мигранти

Од:

ЕУ мора да воведе нов, автоматски систем за прием на мигранти спасени во Медитеранот, изјавија лидерите на Италија и Франција, Џузепе Конте и Емануел Макрон.

Италија долго се жали дека е оставена сама да се бори со стотици илјади мигранти кои го поминале морето во напорите да стигнат до Европа, потсетуваат светските агенции.

Тоа прашање доведе до тензии особено меѓу Рим и Париз, при што Италија се пожали дека француски невладини организации спасувале мигранти, но Франција не направила доволно за да помогне во нивното прифаќање.

– Јас не го потценувам она низ што помина Италија од 2015 година. Таа исто така претрпе многу неправди и несогласувања, рече Макрон на заедничка прес – конференција со премиерот Конте во Рим.

Макрон додаде дека е уверен оти е потребен автоматски европски механизам за прием на мигранти.

Конте рече дека добил француска поддршка за систем за редистрибуција на мигрантите, што би значело дека Италија може да смета на тоа дека целата Унија од 28 нации автоматски ќе прифати удел од вкупниот број на сите новопристигнати мигранти откако ќе бидат спасени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел