Макрон го покани Харири во Франција

Од:

Либанскиот премиер Саад Харири и неговото семејство се поканети во посета на Франција од страна на францускиот претседател Емануел Макрон.

– Харири и неговото семејство ќе пристигнат во Франција наредните денови, изјави неименуван извор од Елисејската палата.

Премиерот на Либан Харири пред 11 дена си поднесе оставка од својата функција преку видео порака емитувана од Саудиска Арабија, каде што тој и остана.

Тоа беше причина за многумина да веруваат дека оставката била изнудена од страна на саудиската страна и дека тој се држи во куќен притвор, па либанскиот претседател Мишел Аун не ја прифати неговата оставка.

Во интервју дадено после поднесувањето на оставката, Харири изјави дека е слободен и дека наскоро ќе се врати во Либан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски