Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон им се придружи на европските лидери во критикувањето на Елон Маск за неговото мешање во демократските процеси во Европа, вклучително и претстојните сојузни избори во Германија.

Францускиот претседател изрази загриженост поради поддршката на Маск за екстремно десничарските партии и неговите напади врз левичарските политичари, што предизвика политичка тензија на континентот.

Во својот говор пред француските амбасадори, Макрон изјави дека е неприфатливо лице со такво економско и медиумско влијание директно да влијае на политичките процеси во суверени држави и да се меша во изборите во Европа. Сличен став зазеде и норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе, кој предупреди на штетните последици од ваквите активности, пишува Гардијан.

Германската влада реагираше на наводите за мешање на Маск за време на изборната кампања, особено откако милијардерот ја поддржа радикалната десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) преку социјалната мрежа X.

Владиниот портпарол ја отфрли загриженоста дека коментарите на Маск би можеле значително да влијаат одлуките на гласачите, додека вицеканцеларот Роберт Хабек рече дека поддршката на Маск за AfD е дел од стратегијата за слабеење на европската регулаторна рамка за технолошките гиганти.

Би можело да ве интересира

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он