Макрон ги повика Французите в недела да гласаат за неговата партија и да овозможат мнозинство во Парламентот

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика денеска граѓаните да овозможат убедливо мнозинство за неговата партија при гласањето на вториот круг од парламентарните избори што ќе се одржат в недела, на 19 јуни.

– Нема да има ништо полошо од додавање француски немири на меѓународните немири, рече Макрон пред да замине за Романија.

Конечните резултати од првиот круг од парламентарните избори во неделата покажаа дека Центристичката алијанса „Заедно“ предводена од Макрон влегува во вториот круг од изборите за долниот дом на парламентот со многу мала предност пред левицата.

Сојузот „Заедно“ освои 25,75 отсто од гласовите, покажуваат податоците објавени од Министерството за внатрешни работи, додека левичарскиот блок „НУПЕС“ на чело со Жан-Лук Меланшон е втор со 25,66 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата