Макрон: Европа треба да се подготви за војна ако сака мир

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба „да се подготви за војна доколку сака мир“, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „е противник кој нема да застане во Украина доколку победи“.

„Ако Русија победи во оваа војна, кредибилитетот на Европа ќе се сведе на нула“, рече Макрон во интервју за француските ТВ канали TF1 и France 2, пренесе Ројтерс.

Тој нагласи дека Европа не треба да повлекува црвени линии кои, како што наведе, ќе ја поттикнат Русија да продолжи со инвазијата на Украина.

Би можело да ве интересира

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно