Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека Европа нема да може да се брани без вистинска европска војска.
„Мора да имаме Европа која ќе може да се брани, не само да се потпира на САД“ порача Макрон во интервју за „Европа 1“.
Тој рекол дека е потребна силна и суверена Европа за да се одбранат европските интереси против Кина, Русија, па дури и од САД, како и од интернет гигантите, пренесе „Блимберг“.
Францускиот претседател предупреди дека е зголемен национализмот во Европа.
„Секаде во Европа е зголемен национализмот. Тие играат на карта на страв од другите, сакаат да ги затворат границите. Само затоа што се избрани, не значи дека неможам да се борам против нивните идеи“ нагласил Макрон.