Макрон: Европа не е еднонасочна улица

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги предупреди лидерите на источно европските земји членки на Европска унија да не се откажуваат од принципот на Унијата, алудирајќи на Унгарија и Полска, чии националистички влади се во судир со Брисел.

– Европа не е супермаркет од каде секој може да земе тоа што му треба, посочи Макрон.

Тој додаде дека источно европските држави не можат да не ги почитуваат фундаменталните вредности на ЕУ.

– Европа не е еднонасочна улица, таа претставува реципрочна посветеност, наведе Макрон.

Тој изрази загриженост и поради тоа што некои земји членки на ЕУ не прифаќаат мигранти од Блиски Исток и од Северна Африка во рамките на програмата на квоти од 2015 година.

– Имаме колективна потреба за кохерентност и солидарност, не можеме да извлекуваме корист од европскиот буџет, а да не покажуваме солидарност за прашањето за миграцијата, посочи Макрон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски