Макрон до Путин: Не сакаме светска војна

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика рускиот шеф на државата, Владимир Путин да се откаже од војната во Украина, нагласувајќи дека светот не сака да види ескалација на насилството, јави ДПА.

„Не сакаме светска војна“, напиша денеска Макрон на Твитер.

„Ние ѝ помагаме на Украина да се спротивстави на нејзината територија, а не да ја напаѓа Русија. Владимир Путин мора да ја прекине оваа војна и да го почитува територијалниот интегритет на Украина“, објави Макрон.

Тој во својата објава се осврна и на континуираното снабдување со оружје од Франција за Украина, најавено претходната вечер.

Помошта вклучува „хаубици Сезар, радари, системи и проектили за ПВО, оклопни возила и обука“. Макрон вети дека Франција „ќе продолжи да го поддржува украинскиот отпор и да ја зголеми воената помош“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО