Макрон бара брз и координиран европски одговор на терористичките закани

Од:

Eвропските земји мора да обезбедат координиран брз одговор на постојната терористичка закана, нагласи францускиот претседател Емануел Макрон пред новинарите, по одржувањето на Европската конференција за борба против тероризмот.

На видео-конференцијата за безбедност учествуваа германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, австрискиот канцелар Себастијан Курц, холандскиот премиер Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Ова е европска реалност и треба да дадеме заеднички одговор на оваа закана, рече Макрон.

Тој ја повика ЕУ да формира Совет за внатрешна безбедност за борба против тероризмот. Според францускиот претседател, заканата за безбедноста на надворешната граница во една од земјите на ЕУ претставува закана за целата заедница.

Макрон, исто така, повика на реформа на Шенген-зоната за да можат да се остваруваат слободи во безбедно опкружување.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Ќе се обидам да го убедам Трамп дека неговите интереси се исти како нашите

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

(ВИДЕО) Зеленски и Макрон зборувале за распоредување војници на украинска територија

Катерина Ѓуровски