Макрон: 7 април да биде ден за комеморација на жртвите од геноцидот во Руанда

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон предлага 7 април да се прогласи за национален ден на комеморација за жртвите од геноцидот во Руанда, соопшти денеска канцеларијата на францускиот претседател.

Во Руанда денеска се одбележува 25-годишнината од геноцидот во оваа земја, кога беа убиени 800.000 Тутси во период од сто дена.

Макрон не присуствува на денешната официјална комеморација за жртвите од масакрот, а негов претставник е Ерв Бервил, припадник на народот Тутси, кој го преживеал масакрот и е член на францускиот Парламент.

Претседателот на Руанда, Пол Кагаме ја обвинува Франција дека била соучесник во крвопролевањето. Париз призна грешки во врска со однесувањето кон Руанда, но ги негира обвинувањата дека Франција ја обучувала полицијата која учествувала во масакрот.

Макрон формираше истражен тим кој треба да ја утврди улогата на француската војска во геноцидот.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски