Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон изјави денеска дека Велика Британија и сега е цел на џихадистите на Исламска држава (ИД) за изведување на терористички напади, како и дека заканите во последно време се „интензивирани“.
Фалон зборуваше пред членовите на Комисијата за одбрана на британскиот Парламент и рече дека воздушните напади на британската авијација врз позициите на џихадистите на сириската територија, нема да претставуваат закана за терористички напади на цели во Британија, затоа што таа веќе постои.
Британскиот министер признава дека бомбардирањата на џихадистите, сами за себе, нема да ја уништат ИД, но во секој случај ќе помогнат за да се редуциа заканата врз територијата на Британија.
Дебатата за проширување на мандатот на британаката вијација, за напади вт-рз џихадистите и врз територијата на Сирија, освен врз територијата на Ирак, како што е тоа сега, како и гласањето за барањето на владата, ќе се одржат утре.
Премиерот Дејвид Камерон побара од пратениците да застанат зад владиното барање, затоа што тоа од Британија го очекуваат и нејзините сојузници, но и затоа што е во национален интерес на земјата.
Опозициските лабуристи бараат расправата да трае два, а не само еден ден и го обвинија Камерон дека прави пат за војна.
Владата и премиерот од порано тврдат дека нема да бидат испратени британски војници за борба на територијата на Сирија, како што тоа беше случај со Ирак во 2003 година, но воени експерти не ја отфрлаат можноста од употреба на британските сили за операција како онаа во Либија, во 2011 година.