Мајката на Асанж загрижена, но сепак горда на својот син

Од:

Мајката на основачот на Викеликс, Кристин Асанж во интервју за „РТ“ ја изрази својата загриженост за судбината на својот син Џулијан Асанж, доколку падне во рацете на Американците.

„Тој мене ми кажа дека работи на нешто што ќе му помогне на светот да ја дознае вистината. 4 години немаше никакви проблеми, се додека не се објавија црните тајни документи на САД. Потоа настана проблемот“, вели таа во интервјуто. „Додека објавуваше за други земји немаше никаков проблем, но штом дојдоа на ред Американците, неговиот живот беше загорозен“, објаснува Кристин.

Таа има два става за случајот. Едниот е како мајка, се разбира, посакува тој никогаш да не го сторел тоа. Но, како граѓани таа го поддржува делото на Јулијан Асанж и неговиот „Викеликс“:

„Јас малку истражував што сакаше да направи Џулијан со „Викеликс“ – да донесе транспарентност во светот поврзана со злоупотребите на власта, корупцијата, изнудувањето, киднапирањата, мачењета и измамите и, се разбира, јас целосно му ја давам својата поддршка на мојот син“.

Таа понатаму објаснува дека тој не го направил тоа заради некоја своја лична заработувачка. Повеќето од вработените биле скромни, чесни и праведни млади луѓе кои работеле во името на вистината, а за скромни хонорари.

Како мал сакал да биде физичар, сакал да дознае како настанал целиот универзум, секогаш сакал да ја дознае вистината. Неговиот „мозок“ секогаш прашувал „Зошто?“

„Мислам и дека ова што тој го работеше е слично како и откривањето на вистината за настанувањето на светот. Ако имавте можност да го запознаете, ќе ја видевте неговата кративна природа и добрата смисла за хумор“.

Кристин се надева дека нејзиниот син ќе го добие политичкиот азил од Еквадор и ќе се спаси од опасноста што му престои доколку биде однесен во Америка.

„Ако САД се однесуваат нехумано со своите војници, како што е случајот со Бредли Манинг, тогаш можам само да замислам што ќе му направат на мојот син“, запраша загрижената мајка, која тврди дека Џулијан е лажно обвинет.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори