Мајк Пенс ќе се сретне со Гваидо поради насилствата во Венецуела

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс планира утре за прв пат да се сретне со венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо во Колумбија, во знак на поддршка на Гваидо по викенд исполнет со насилства, сооопштиле советниците на Пенс.

Војската лојална на Мадуро вчера го блокираше конвојот со хуманитарна помош на преминот од Колумбија во Венецуела, со употреба на солзавец и гумени куршуми, при што уби двајца демонстранти.

САД поради насилствата би можеле утре да наметнат нови санкции, со цел владата на Мадуро да остане без приходи. Пенс ќе пристигне во главниот град на Колумбија, Богота, кај што ќе се сретне со регионални лидери, кои го признаа Гваидо како легитимен претседател на Венецуела, откако Мадуро одржа избори минатата година, чии резултати не ги призна опозицијата.

Би можело да ве интересира

Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД, ќе се бори против Трамп

Американски суд: Пенс мора да сведочи за неговите разговори со Трамп

Ана Ололовска

Пенс: Трамп ќе одговара пред историјата за неговата улога во нападот на американскиот Капитол

Ана Ололовска

Пронајдени доверливи документи во куќата на Мајк Пенс

Ана Ололовска

Мајк Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден

Ана Ололовска

Пенс е против повикување на 25. амандман