Мајк Пенс ја напушти вечерата со севернокорејската делегација

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја прескокна вечерата на која требаше да ја дели масата со севернокорејскиот церемонијален лидер Ким Џонг-нам, објави Би-Би-Си. Пенс накусо се сретнал со Ким Џонг-нам, но и двајцата избегнале директен контакт еден со друг, пренесе агенцијата Јонхап. Американскиот потпретседател го напуштил настанот по пет минути, додаде агенцијата Јонхап.

Домаќин на вечерата беше јужнокорејскиот претседател Мун Жае-ин непосредно пред отворањето на Зимските олимписки игри. Тој се ракуваше со севернокорејскиот церемонијален лидер, Ким Џонг-нам, кој заедно со сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Џо-јонг присуствуваат на церемонијата во Пјонгчанг. Ким Џо-јонг е прв член од севернокорејското лидерско семејство кој ја посетил Јужна Кореја од Корејската војна од 1950-1953 година.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот