Маја: За отповикување на Болсонаро кога ќе дојде време

Од:

Претседателот на долниот дом на бразилскиот Конгрес, Родриго Маја изјави дека „кога ќе дојде време за тоа“, тој ќе одлучи дали ќе поведе постапка за да се отповика претседателот Жаир Болсонаро поради неговото управување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Како што пренесуваат странските агенции, Маја изјавил дека не ја исклучува можноста за започнување ваква постапка, но дека во моментов главниот приоритет на земјата е борбата против епидемијата на вирусот.

Тој додаде дека не би сакал да „долева масло на огнот“ за време на сегашната состојба со коронавирусот во Бразил.

Против Болсонаро се водат речиси 30 истраги за неговите прекршувања, кои, меѓу другото, се однесуваат на учество во активности против Конгресот и Сенатот, како и говори поврзани со пандемијата на коронавирусот, потсетуваат бразилските медиуми.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски