Маја Санду: Би гласала за обединување со Романија

Од:

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија, доколку прашањето биде ставено на референдум, што укажува дека на нејзината земја ѝ е сè потешко самостојно да „преживее“.

Со население од 2,4 милиони, сместена меѓу Романија и Украина, Молдавија стана цел на хибридната војна на Русија, вклучувајќи дезинформации и манипулации со изборите, објавува „Политико“.

„Доколку имаме референдум, би гласала за обединување со Романија. Погледнете што се случува околу Молдавија денес, погледнете што се случува во светот“, изјави Санду, која ја предводи проевропската влада во Кишињев, за британски подкаст.

Според неа, на мала земја како Молдавија ѝ е сè потешко да преживее како демократска, суверена земја и секако да ѝ се спротивстави на Русија.

Молдавија беше дел од Романија од 1918 до 1940 година, кога беше анексирана од тогашниот Советски Сојуз, а потоа прогласи независност во 1991 година, по падот на Железната завеса, потсети „Политико“.

Според извештаите, на референдумот во 2024 година, жителите на Молдавија гласаа со тесно мнозинство од 50,4 проценти за приклучување кон Европската Унија, а референдумскиот процес беше обележан со руско мешање.

Санду беше повторно избрана за претседател со околу 55 проценти од гласовите, победувајќи го својот проруски противник.

И покрај тоа што изрази лична поддршка, Санду додаде дека прифаќа дека идејата за повторно обединување со Романија не е поддржана од мнозинството во Молдавија, за разлика од приклучувањето кон ЕУ, за кое земјата аплицираше во 2022 година.

Анкетите покажуваат дека околу две третини од Молдавците се противат на обединувањето, додека поддршката за оваа идеја е традиционално поголема во Романија.

Би можело да ве интересира

Захарова: Брисел финансиски ги уценуваше молдавските гласачи

Победа на проевропските сили во Молдавија

Катерина Ѓуровски

Медиуми: Романија презема чекори кон анексија на Молдавија

Москва: НАТО преку Молдавија планира напад на Русија

Ковачевски- Санду: Евроинтегарцискиот процес е клучен за мирот и стабилноста на европскиот континент

Молдавија идентификува руска активност за „дестабилизација“ на државата