Победата над сомалиските исламисти од Ал Шабаб е невозможна додека властите не ја преземат контролата над цела територија на Сомалија, изјави сомалискиот претседател Хасан Шеих Махмуд.
Тој посочи дека е можно членовите на Ал Шабаб да извршат напади врз цивилното население.
– Главен услов за уништување на Ал Шабаб е зајакнување на власта во Сомалија и нејзино распространување на целата територија од земјата. Доколку власта не ја контролира државата не е возможна победа над Ал Шабаб, истѕакна Махмуд.
Тој како прва етапа ја посочи победата над Ал Шабаб и ослободување на територијата, а како втора етапа реинтегрирање на некои членови на групата, посебно младите лица.
Сомалискиот претседател посочи дека Најроби има силна поддршка од САД во борбата против исламистите.
Членови на Ал Шабаб при дводневна опсада на трговски центар во Најроби убија 67 луѓе, а околу 300 беа повредени.