Махмуд Абас ја поздрави одлуката на Шведска да ја признае Палестина

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска ја поздрави одлуката на Шведска да ја признае државата Палестина.

– Претседателот Абас ја поздрави одлуката на Шведска, оценувајќи ја како смела и историска, изјави неговиот портпарол Набил Абу Рудеин.

Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром претходно изјави дека нејзината влада ја признала со декрет државата Палестина.

Најмалку 112 држави досега ја признале државата Палестина.

Според податоци на палестинската автономна област околу 134 држави ја признале Палестина, меѓу кои се седум членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот