Махмуд Абас го обвини Израел за геноцид во Појасот Газа

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го обвини Израел дека со воената офанзива започната вчера во Појасот Газа, извршил геноцид во кој досега се убиени 43 Палестинци.

– Тоа е геноцид. Убивањето цели семејства е геноцид од страна на Израел врз нашиот палестински народ, рече Абас на вонредниот состанок на палестинското раководство во Рамала на Западниот Брег.

Петнаесет деца и жени се наоѓаат меѓу 22-цата Палестинци кои денеска се убиени во Појасот Газа. Со тоа, бројот на загинати за само два дена достигна 43 лица, соопштија палестинските служби за итна медицинска помош. Во операцијата на израелската армија досега се ранети 370 лица.

– Меѓу денеска загинатите има и најмалку еден екстремист, како и девет деца и шест жени, рече портпаролот Ашраф ал Кидра. Останува нејасно кои се останатите жртви, дали се цивили или милитанти.

Според него, во најмалку четири воздушни напади жртви биле само жени и деца.

– Попладнево една ракета погоди куќа во Ал Магази, бегалски логор крај Дир ал-Балах, во централниот дел на Појасот Газа, убивајќи мајка и нејзините четири деца, рече Кидра.

Претходно во серија напади северно и источно од градот Газа беа убиени две жени и четири деца.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја