Маерск планира прв карбонски неутрален танкер да биде произведен во 2023 година

Од:

Данската бродска група Маерск денеска соопшти дека ќе ги забрза плановите за декарбонизација на бродскиот контејнерски транспорт и првиот брод со неутрална емисија на јаглерод ќе почне да плови во 2023 година, седум години порано од претходно планираното.

Маерск, која учествува со околу 80 проценти во глобалната трговија и има удел од околу 3,0 отсто во глобалната емисија на јагледрод, минатата година вети дека до 2030 година ќе има бродови и бродско гориво со нулта емисии на јаглерод.

– Следејќи го брзиот напредок на технологијата и зголемената побарувачка на клиентите за одржлив синџир за снабдување, Маерск ќе ги забрза напорите за декарбонизација на својот морски бизнис и првиот брод со неутрална емисија на јаглерод ќе почне да плови во 2023 година, се наведува во соопштението на данската бродска компанија.

Бродот како гориво ќе користи метанол.

– нашата амбиција е да имаме карбонски неутрална флота до 2050 година. Кога тоа го најавивме во 2018 година звучеше како лет на Месечина, но денес тоа го сметаме за предизвик и достижна цел што треба да се оствари, се посочува во соопштението на Маерск.

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари