Мадуро: Санкциите на САД се најнеправеден чекор

Од:

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро остро ги критикува САД поради воведување санкции за седумина официјални лица од неговата држава, кои што се обвинети за прекршување на човековите права и најави дека од венецуелскиот Конгрес ќе бара поголеми овластувања за „борба против империјализмот“.

-Претседателот Барак Обама во име на американската империјалистичка елита одлучил лично да преземе задача да ја порази мојата влада, да интервенира во Венецуела и да ја контролира нашата држава. Тој денес го направи најагресивниот, најнеправедниот и најотровен чекор кој САД некогаш го направиле против Венецуела – рече Мадуро.

Инаку САД синоќа воведоа санкции против седумте највисоки официјални лица во Венецуела, со образложение дека тие се одговорни за гушење на антивладините протести минатата година во Венецуела и кривичното гонење на опозиционерите во таа држава.

На овие официјални лица им се забранува влегување во САД и им се замрзнува имотот во таа држава.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев