Мадуро повика на масовна мобилизација

Од:

Приврзаниците на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска се собраа пред претседателската палата извикувајќи слогани за поддршка, а тој наведе дека високи воени лидери го увериле во неговата лојалност и покрај апелите на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо до армијата.

Претходно, Мадуро преку Твитер повика на „максимална масовна мобилизација со цел да се обезбеди победа на мирот“.

И Гуаидо денеска се појави на улиците на Каракас со голем број воени приврзаници, но според медиумите засега нема индиции за поголем бунт во армијата.

Гуаидо претходно изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план за смена на претседателот Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.

Тој на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.

Владата на Венецуела соопшти дека тоа е мало востание и го обвини Гуаидо за започнување државен удар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

ВИДЕО: Демонстрантите во Нови Сад удираат и понижуваат постара жена

И со покачување од 30 проценти ќе бидеме под просечната плата – протест на вработените во седум министерства и неколку институции

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ