Мадуро „му се заблагодари“ на Трамп што го прославил

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро „му се заблагодари“ на американскиот претседател Доналд Трамп поради критиките кои ги упатувал кон него, а како што вели тој, „го прославиле во светот“.

– Чест ми е што шефот на империјата секој ден ме споменува. Тоа значи дека правам нешто како што треба, наведе Мадуро, проследено со смеење, по враќањето во Каракас по посетата на Русија, на Белорусија и на Турција.

Мадуро истакна дека Трамп „станал предводник на венецуелската опозиција“.

– Ме прослави во светот. Секој пат кога ме споменува, се повеќе ме сакаат. Цел нов свет се отвора за Венецуела благодарение на санкциите на Трамп, нагласи венецуелскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Завршија руско-американските разговори во Истанбул