Мадрид не планира распоредување трупи во Каталонија

Од:

Шпанската влада не разгледува можност за распоредување трупи во Каталонија за решавање на ситуацијата во тој регион, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис Кеседо.

– Нема такви планови, бидејќи владините акции се фокусирани на повторно воведување на владеењето на правото со адекватна примена на законите, изјави шпанскиот минисер.

Запрашан, какави чекори ќе преземе шпанската влада ако Каталонија прогласи независност, Кеседо одговори дека во тој случај владините акции не би се разликувале од чекорите преземени со цел примена на членот 155 од Уставот на Шпанија.

Каталонскиот парламент денеска во 17 часот треба да одржи седница на која ќе расправа за одговорот на Барселона по најавите од Мадрид за активирање на членот 155 од Уставот.

Најавено беше дека Пуџдемон ќе се обрати од каталонската парламентарна говорница во текот на попладневните часови, но говорот на каталонскиот лидер е откажан.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата