Француската крајно десничарска партија – Националниот Фронт ќе ја тужи Маодна откако таа на вчерашниот концерт на Стад де Франс, дифузираше на сцената видео клип во кој накратко се гледаше ликот на претседателката на партијата Марин Ле Пен со кукаст крст на челото.
Флориан Филипо вицепретседателот на Националниот Фронт за агенцијата Ројтерс најави дека партијата планира во текот на идната недела да поднесе тужба за навреда пред основниот суд во Бобињи, под чија надлежност е Стад де Франс. Пред неколку недели, Марин Ле Пен ја предупреди Мадона дека ако дифузира нејзина слика на концертот ќе преземи соодветни мерки.
Во видео клипот покрај ликот на Марин Ле Пен се гледаат и ликовите на повеќе познати личности како папата Бенедикт Шестнаесети или Хосни Мубарак. Сликата на Марин Ле Пен, за која гласаа околу шест милиони французи на првиот круг од претседателските избори, се појавува неколку секунди во клипот, следен веднаш од лик кој наликува на Адолф Хитлер.
– Тоа е провокација која има за цел да се бори против тешкотиите со кои се среќава ѕвездата, бидејќи нејизната турнеја е вистинско промашување, вели Флориан Филипо, додавајќи дека таа провокација е неприфатлива бидејќи таа се служи со реалтивизирање на серизони нешта. Наша е задачата да ја тужиме за да ги одбраниме нашите избирачи и симпатизери.