МААЕ со остра осуда за нуклеарниот тест на Севрна Кореја

Од:

Генералниот директор на МААЕ Јукија Амано изјави денеска дека најновата нуклеарна проба на Северна Кореја е „за исклучително жалење“ и дека „во целост ги занемарува барањата повеќепати повторени од меѓународната заедница“.

– Денешната нуклеарна проба извршена од властите во Северна Кореја, е акт што е за исклучително жалење. Таа нова проба е шеста од 2006 година, и во целост ги занемарува барањата поставени повеќепати од меѓународната заедница“, се вели во соопштение од Амано.

Хидрогенската бомба тестирана денеска од Северна Кореја е петпати посилна од онаа фрлена врз Нагасаки во 1945 година кога загинаа 74.000 луѓе, објави Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови