Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукиja Амано предупреди дека ситуацијата во Северна Кореја претставува глобална закана.
Тој на панел дискусијата „Глобално нуклеарно управување – Quo vadis?“, во рамки на Бледскиот форум, изјави дека ситуацијата на Корејскиот полуостров е загрижувачка.
– Сметаме дека тоа е глобална закана. Во минатото некои мислеа дека се работи за регионален, но сега е јасно дека се работи за глобален проблем, истакна Амано.
Тој додаде дека во минатото постоеше загриженост само за нуклеарното вооружување, а сега тоа е во комбинација и со ракети со долг дострел. МААЕ ја следи ситуацијата преку сателити бидејќи последниот инспектор на организацијата ја напушти земјата 2009 година.
Заменик генералниот секретар на НАТО, Роза Готемлер исто така истакна дека ситуацијата од перспектива на Алијансата претставува глобално прашање и предизвик и така треба да биде третирано.
– Тоа е глобално прашање, не е работа само на азиските држави и на сојузниците на САД како Јапонија и Јужна Кореја. Тоа е глобална закана и така треба да биде третирана, рече таа.