МААЕ: Северна Кореја постигна брз напредок во изработката на оружје

Од:

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукијо Амано изјави во Сеул дека шестиот нуклеарен тест на Северна Кореја, спроведен на 3. септември, покажува дека изолираната земја постигнала брз напредок во изработката на оружје.

– Овој тест беше многу помоќен од претходниот, а тоа покажува дека Северна Кореја постигнала многу брз напредок, истакна Амано по средбата со јужнокорејската министерка за надворешни работи Канг Кјунг-хва.

Тој додаде дека во комбинација со други елементи, ова претставува нова закана.

Според него, МААЕ не е во состојба да утврди дали Пјонгјанг тестирал хидрогенска бомба.

– Најважно во моментот е меѓународната заедница да се обедини, истакна Амано.

Јужна Кореја во вторникот посочи дека Северна Кореја може да преземе дополнителни провокации со приближувањето на годишнината од основањето на севернокорејската Комунистичка партија и Конгресот на Комунистичката партија на Кина.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови