МААЕ: Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради гранатирање

Од:

Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје синоќа беше прекинат поради гранатирање, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

– Резервниот далновод од 330 kV до нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП) во Украина беше исклучен доцна синоќа поради штети предизвикани од гранатирање. Ова денеска го изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, се вели во објавата на веб-страницата на агенцијата.

Според МААЕ, ЗНПП во моментов продолжува да добива електрична енергија потребна за ладење на реакторот и одржување на други важни функции за нуклеарна безбедност преку надворешен далновод од 750 kV.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива