МААЕ: Не забележавме никакви нови прекршувања од Иран на нуклеарниот договор

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не забележала никакви нови прекршувања на заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) откако Исламската република влезе во петата фаза од редуцирањето на своите нуклеарни обврски во рамките на договорот, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси.

-По петата фаза немаше никакви нови акции. Тие (Иран), секако, продолжуваат со збогатувањето ураниум, изјави Гроси во говорот во Меѓународната фондација за мир Канеги во Вашингтон, пренесоа агенциите.

„Очигледно е дека не ги спроведуваме само механички сите наши инспекциски активности. Слушаме што се зборува и се подготвуваме за секоја можна околност, додаде првиот човек на МААЕ.

Велика Британија, Франција и Германија во јануари го активираа механизмот за решавање на спорот со рамките на JCPOA, наведувајќи дека Техеран не ги почитува своите обврски врз основа на спогодбата.

Порпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави изјави дека, сепак, европските држави се уште не го активирале механизмот, јавија агенцијата Тасс.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски