МААЕ: Иран се придржува до нуклеарниот договор

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Иран ги почитува своите обврски кои што произлегуваат од договорот за иранската нуклеарна програма потпишан со шесте светски сили.

Во тримесечниот извештај за спроведување на договорот се посочува дека иранските резерви на осиромашен ураниум се во рамки на нивоата утврдени со спогодбата.

Инспекторите на МААЕ не пронашле никакви проблеми при контролата на местата, а за кои се претпоставува дека Иран ги користи за развој на својата нуклеарна програма.

Извештајот е објавен еден месец откако претседателот на САД, Трамп го обвини Иран дека не го почитува договорот.

Тој најави можно повлекување на САД од истиот.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски