МААЕ: Иран и понатаму се придржува до нуклеарниот договор

Од:

Иран се придржува до главните ограничувања на нуклеарните активности, кои се воведени со потпишувањето на договорот за нуклеарната програма и покрај тоа што САД се повлекоа од тој договор, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија.

Во првиот извештај на МААЕ откако Доналд Трамп соопшти дека Вашингтон се повлекува од договорот се наведува оти Техеран се однесувал во склад со ограничувањата за нивото на збогатување ураниум, како и за залихите на тој и други производи.

Истовремено, МААЕ го критикуваше ИРан за спорото реагирање во случаите на т.н. „инспекции на дополнителен пристап“ во Дополнителниот протокол, кој Техеран го изведува во рамки на договорот.

Од Агенцијата го охрабрија Иран да оди над очекувањата поставени со договорот за да ја зајакнат довербата. МААЕ како пример наведе дека Иран може да ги покани членовите на Агенција на локации кои претходно не се посетени.

Иранскиот нуклеарен договор беше постигнат во јули 2015. година помеѓу Иран и шест големи сили – САД, РУсија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија. Европа и останатите потписнички се обидуваат да го задржат договорот со Иран и покрај американското повлекување.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава