МААЕ: Иран го почитува Договорот

Од:

Иран продолжува да ги почитува своите обврски од Договорот за нуклеарна програма со светските сили, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), ден по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се повлекуваат од Договорот.

– Иран е предмет на најстрогиот режим за проверка на нуклеарната програма, изјави директорот на МААЕ, Јукијо Амано.

Тој потенцира дека Агенцијата внимателно го следи развојот на ситуацијата.

– МААЕ може да потврди дека Иран ги применува обврските во врска со нуклеарната програма, посочи Амано.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски