МААЕ: Иран ги почитува ограничувањата од Договорот од 2015 година

Од:

Иран продолжи да ги почитува главните ограничувања од Мултилатералниот договор од 2015 година, се наведува во три месечниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во извештајот се посочува дека на 4 ноември е извршена проверка на резервите на збогатен ураниум, еден ден пред стапувањето во сила на последните американски санкции кон Иран.

Инспекција на иранските резерви на тешка вода, уште еден материјал со ограничување врз основа на Договорот, извршена е на 3 ноември.

Неименуван дипломат денеска изјави дека нема индиции дека иранската соработка со МААЕ е променета откако стапија во сила санкциите од САД.

– Нема ништо што укажува дека иранската соработка или иранскиот став е сменет од 5 ноември, истакна дипломатот.

САД се повлекоа од Меѓународниот договор со Иран во мај годинава.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски