МААЕ го повикува Иран на соработка

Од:

Вршителот на должност директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Корнел Ферута го повика денеска Иран „брзо да одговори“ на прашањата кои му ги упатува тоа тело на ОН во рамки на активностите на нуклеарната програма.

– Важно е брзо да се реагира, истакна Ферута на почетокот на редовното заседание на советот на гувернери на МААЕ во Виена.

Состанокот се одржува неколку денови откако иранските власти соопштија дека дополнитело ги намалуваат своите обврски кон нуклеарниот договор постигнат во 2015 година со шесте светски сили – САД, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ.

Иран тогаш се согласи да ги ограничи активностите на збогатување ураниум, а за возврат му се укинати меѓународните санкции.

САД во меѓувреме се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции против Техеран, кој постепено почна да ги намалува своите обврски, добиени согласно договорот.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски