Лукашенко за Путин: Повеќе не сум последен европски диктатор

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко (60), во обид да го поправи својот углед, во интервју за „Блумберг“ изнел критики за својот руски колега Владимир Путин, со изјава дека „постојат полоши диктатори од него“

-Веќе не сум последниот европски диктатор. Има диктатори кои за малку се полоши од мене, зарем не?- наводно рекол тој и додал дека Путин премногу емотивно реагирал во украинскиот судир.

Како што наведе „Шпигел“, причина за промена на ставот за рускиот колега се случувањата во Украина. Инкау во интервјуто тој се залага за активна улога на САД во украинската криза, но исто така рекол и дека Запад греши што ја обвинува Русија дека гради империја.

-Во секој случај Белорусија нема да стане руска провинција – рекол Лукашенко.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот