Лукашенко: Украинското сценарио нема да се повтори во Белорусија

Од:

Украинското сценарио нема да се повтори во Белорусија, бидејќи „гаранција за тоа се мудроста и патриотизмот“ на нашиот народ, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко во обраќањето на церемонија во Минск по повод Денот на победата над фашизмот.

– Блиската за нас, Украина се претвори во жешка точка, констатира Лукашенко вината за, како што рече, „историската трагедија – брат да крева рака врз брат“, ја префрли врз корупцијата, слабата економија и надворешните интриги.

Според него, „крвавата драма на украинскиот народ предизвикало НАТО да се придвижи кон границите на Белорусија и Русија“.

– Многумина денес ги забораваат поуките од историјата, а некои држави се обидуваат одново да го утврдат правото на силниот во светот, рече Лукашенко.

Тој додаде дека Белорусија ќе одговори на секој агресор и дека нејзината армија и сите безбедносни структури се подготвени „да го бранат суверенитетот на земјата и граѓанскиот мир од внатрешни и надворешни непријатели“.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“