ВИДЕО: Приврзаници на Лукашенко организираат контрапротест на велосипеди

Од:

Приврзаниците на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска организираат дефиле низ улиците на главниот град Минск, како одговор на неколкунеделните протести на опозицијата, кои ја тресат белоруската престолнина и власта на Лукашенко.

Претседателот, кој го започна својот шести мандат и покрај противењето на опозицијата која обвинува за изборен грабеж, денеска се закани со реципрочни мерки како одговор на воведувањето санкции од ЕУ против таа земја.

– Јас ѝ наложив на владата да достави предлог сите трговски текови од пристаништата во Литванија да бидат насочени кон другите. Ајде да видиме како тие ќе живеат со тоа, рече Лукашенко.

Министрите за надворешни работи на ЕУ решија да воведат санкции за дваесет високи белоруски функционери осомничени за изборни измами и полициска репресија на учесниците во граѓанските протести во Белорусија.

Белорускиот претседател денеска на половина армија и нареди да влезе во состојба на борбена готовност, како одговор на она што тој смета за закана од Западот, јави агенцијата Белта.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Лукашенко бара Русија да изгради уште една нуклеарна централа во Белорусија

Путин: Руското тактичко нуклеарно оружје е во Белорусија

Во Белорусија произведуваме лансери за „Орешник“, чекаме проектили од нашиот постар брат, вели Лукашенко

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Горан Наумовски