Лукашенко: Направивме само една грешка, требаше да ја докрајчиме Украина пред девет години

Од:

„Единствената грешка на Русија и Белорусија беше што не го решивме ова прашање во 2014 или 2015 година, кога Украина немаше војска и не беше подготвена“, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Тој ја споменува 2014 година бидејќи тогаш Русија го нападна Крим и го анектираше, а нивните сили ја окупираа територијата на истокот на Украина, пишува jutarnji.hr.

Коментарите на Лукашенко, дадени за време на средбата со шефовите на безбедносните агенции на Заедницата на независни држави, која ја сочинуваат поранешните советски земји, покажуваат дека тој целосно ја прифатил неговата трансформација во марионета на рускиот претседател Владимир Путин, пишува Политко во својата анализа.

Според авторот на текстот, нивниот однос меѓу љубов и омраза трае речиси три децении, а откако Кремљ му помогна во масовните улични протести што се одржаа по претседателските избори во 2020 година, белорускиот претседател реши да ги стави сите карти на Путин. Поради ова, тој и помогна на Москва да започне инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ