Лукашенко најавува разговори со Путин

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека сака да разговара со рускиот претседател Владимир Путин бидејќи протестите продолжуваат по спорните претседателски избори.

– Агресијата против Белорусија се развива. Треба да контактираме со Путин, претседателот на Русија, за да можам да разговарам со него, рече Лукашенко на состанокот со владини претставници.

– Ова не е закана само за Белорусија, вели Лукшенко.

Опозицијата во државата подготвува нови масовни демонстрации за денеска.

Светлана Тихановска, главниот противник на Лукашенко на минатонеделните избори, вчера повика на масовни мирни протести во текот на викендот.

Досега беа приведени повеќе од 6.700 лица, стотици се повредени, а двајца починаа.

Белоруската Влада вчера се извини и почна да ослободува демонстранти.

Протестите избија во Белорусија откако долгогодишниот лидер Александар Лукашенко победи на изборите во неделата. На власт е од 1994 година, Лукашенко, го освои шестиот мандат со поддршка од 80 отсто гласови.

Попладнево луѓе се собраа во главниот град Минск, во спомен на Александар Тарајковски, 34-годишен демонстрант кој почина во понеделникот.

„Марш за слобода“ е планиран за утре во централниот дел на главниот град – една недела по победата на 65-годишниот Лукашенко.

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети