Лукашенко: Москва е гарант на новиот светски поредок

Од:

Претседателот Александар Лукашенко ја нарече Москва гарант на праведен светски поредок.

– Руската Федерација е модерна држава уверена во својата сила, една од водечките светски сили со моќен економски и одбранбен потенцијал, се вели во честитката на Лукашенко по повод Денот на Русија до рускиот претседател Владимир Путин и граѓаните на Русија.

Тој нагласи дека народите на Белорусија и Русија отсекогаш биле тесно поврзани низ историјата.

„Споменот за заедничко надминување на искушенијата, заедничките достигнувања и победи се пренесува од генерација на генерација. Токму ова пријателство, тестирано од времето, дава неисцрпна енергија за понатамошен хармоничен развој“, нагласи белорускиот претседател.

Тој му посака на Путин добро здравје и успех во неговата работа, а на граѓаните на Русија среќа, благосостојба и просперитет.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Москва предлага пакт со НАТО

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници